Центарот на активни граѓани АКТИВО од Велес изработи Анализа за вклучување на жените од Општините Велес, Градско, Росоман и Чашка во креирање на локалните политики.

Целосната содржина на Анализата може да ја превземете на следниот линк:

АНАЛИЗА Вклучување на жените од руралните средини во креирање на локални политики

Проектот „Вклучување на жени во креирање на локални политики“ го реализира Центарот на активни граѓани АКТИВО и е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.