НВО Инфоцентар и Активо донираа бесконтактни тополомери за градинките во Велес

Граѓанските организации НВО Инфоцентар од Скопје и Активо од Велес, на 16 декември 2020 година донираа бесконтактни топломери наменети за потребите на градинките во рамки на Општинската јавна установа за деца – Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес.

 Препознавајќи ги потребите на локалната заедница за заштита од пандемијата КОВИД-19, НВО Инфоцентарот и Активо преку оваа граѓанска иницијатива им помагаат на градинките во општина Велес, успешно и во континуитет да ги спроведуваат протоколите за заштита и превенција од коронавирусот.

Граѓаните и локалните заедници се соочени со големи предизвици во превенцијата и заштитата од вирусот. Оваа акција е само мал придонес кон заедничката борба против Ковид-19 и заедничките напори на најмалите да им се овозможи безбеден и безгрижен престој во градинките, дури и во услови на пандемија.
Оваа граѓанска акција е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.