НВО Инфоцентарот, на 25 декември 2020 ја одржа последната годинешна работилница за подготовка на интерет-страниците на пет локални организации од Крива Паланка, Неготино и Велес – Спектар, Норге Ве, Цик-Цак и СПО КУЛ и АКТИВО

.

Во текот на годината беа организирани серија обуки, работилници и консултации со секоја од организациите за да се подготват нивните интернет-страници.

На ваков начин, НВО Инфоцентарот ќе им овозможи на локалните организации да ја подобрат својата видливост и влијание меѓу граѓаните, во општините и во јавноста во целина.

Овие активности се реализираа во рамки на проекот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.