Со поддршка од НВО Инфоцентарот, пет локални партнерски организации, Активо од Велес, Спектар, Норгес Вел и Цик-Цак од Крива Паланка и Спо Кул од Неготино, изработија нови интернет страници.

Поддршката за организациите е во рамките на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска, со цел да им овозможи на локалните организации да ја подобрат својата видливост и влијание меѓу граѓаните, во општините и во јавноста во целина.

Посетете ги и информирајте се за нивните активности:

Регионалниот центар за соработка “СПЕКТAР” на https://spectar.org.mk

Норгес Вел-Крива Паланка на https://norgesvel.org.mk

Центарот за младински иницијативи „Цик Цак“ на https://cikcak.mk

Здружението за унапредување на спортските и културните манифестации „СПО – КУЛ“ на https://spokul.mk