Центарот на активни граѓани АКТИВО, Велес во соработка со Општина Велес поставија урбана опрема и спортски реквизити во училишните дворови на селата Горно Оризари и Башино Село. Поточно, беа поставени по една лулашка со две седишта, по една единечна клацкалка и по една фигура на федер за секое од овие две населени места.

Апликацијата за средства од општина Велес следеше откако претходно АКТИВО реализирајќи го проектот „Вклучување на жените од руралните средини во креирање на локални политики“ како регрант на проект на Квина тил Квина, Скопје  и Организација на жени од Свети Николе, а финансиран од Европската Унија ги идентификуваше потребите на жените во Горно Оризари и Башино село кои во голем дел беа насочени кон задоволување на потребите на децата во овие рурални места.

Активноста беше реализирана со средства во висина од 200.000,00 денари од Општина Велес преку Програмата за социјална заштита, Глава 5 Родова рамноправност.