Територијалните противпожарни единици во Куманово, Свети Николе, Велес, Струмица, Крива Паланка, Теарце, Дебар и Маврово – Ростуше имаат стар возен парк, во некои од нив и над 40 години. Скоро во секоја општина има по едно или две неисправни возила.

Ова е наодот за Општина Велес, кој е дел од монитoрингот на седум општини во државата што го спроведе НВО Инфоцентарот во соработка со АКТИВО од Велес, која е една од партнерските организации, со поддршка на Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, во делот на противпожарната заштита.