Младинската иницијатива Млади за Велес во соработка со АКТИВО одржа 2 работилници, каде во фокусот беше Младинскиот Центар во Велес.
Главна цел на првата работилница беше мапирање на сите предизвици, со кои би се соочиле граѓанските организации при активирањето на Младинскиот центар. На крајот од денот беа издвоени оние, кои засегнатите страни ги воочија како приоритетни.
Вториот ден, беше наменет за генерирање на идеи за активности, кои граѓанскиот сектор ќе може да ги спроведе во склоп и соработка со Младинскиот центар. Преку различни активности, приоритетните идеи беа издвоени и истите ќе бидат вметнати во предлог-концептот за основање на Младински центар.
Овие активности се дел од иницијативата Youth 4 Veles, како дел од проектот “Поддршка за изборни реформи” на Швајцарската амбасада/Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементиран од ИФЕС и НМСМ.
Искажаните ставови, мислења и содржини во овој производ не ги отсликуваат оние на донаторот, проектот или имплементаторот.