Владата односно Министерството за локална самоуправа ја прифати иницијативата на НВО Инфоцентарот за унапредување на статусот и функционалноста на месните заедници и на механизмите за директно учество на граѓаните.

 

  • Иако речиси сите општини практикуваат определени форми и механизми за консултирање и вклучување на граѓаните во креирањето и спроведувањето на локалните политики, тоа не е доволно.
  • Потребно е суштинско унапредување и интензивирање на постојните практики, но и воведување нови механизми со кои ќе се унапредат транспарентноста и партиципативната демократија во општините.
  • Месните заедници се основната и клучна алатка за директно вклучување на граѓаните на локално ниво, но тие во моментов не се правни субјекти, а во некои општини дури и не постојат.
  • Бидејќи месните заедници се основната и клучна алатка за директно вклучување на граѓаните на локално ниво потребни се законски измени со кои ќе се унапреди нивниот правен статус.
    Министерството ќе ја земе предвид иницијативата на НВО Инфоцентарот при подготовката на измените и дополнувањата на Законот за локална самоуправа.
  • Прашањето за унапредувањето на функционалноста на урбаните и месните заедници веќе е вклучено во консултативниот процес за подготовка на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација, за периодот 2021 – 2026 година.

Иницијативата на НВО Инфоцентарот е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.