На 16 август 2022 година, Владата на РСМ на предлог на Министерството за економија усвои пакет препораки, мерки и задолженија за заштеда на електрична енергија до 15% во текот на претстојната зима. Овој пакет мерки е наменет за домаќинствата, бизнис заедницата, јавните институции, како и за општините и Град Скопје.

НВО Инфоцентарот со партнерските организации Спектар од Крива Паланка, Мајка од Куманово, Граѓанска иницијата на жени од Свети Николе, Организација на жени од Струмица, АКТИВО од Велес, ЦЕД од Теарце и ЗЕУКС Тритон од Маврово и Ростуше, во периодот септември – ноември 2022 година, спроведе мониторинг на активностите на општините за постигнување енергетска ефикасност и економски заштеди.

Целта на мониторингот беше да утврдиме дали и какви чекори преземаат општините за примена на препораките на Владата, дали активно работат на постигнување енергетска ефикасност и економски заштеди, како и дали спроведуваат кампањи и други активности за информирање на граѓаните за потребата и начините на штедење електрична енергија.

Клучни наоди за Општина Велес:

Мониторингот опфати седум општини: Куманово, Велес, Струмица, Крива Паланка, Свети Николе, Теарце, Маврово и Ростуше.

Овој мониторинг се реализира во рамките на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Клучни наоди:

• Општините преземаат чекори за примена на препораките на Владата за заштеда на електрична енергија до минимум 15%.

• Во повеќето општини, во јавните објекти и на уличното осветлување, веќе се поставени или во тек е поставување штедливи светилки.

• Некои општини веќе користат smart систем за јавно осветлување кој подразбира софтверска контрола на вклучување и исклучување на уличното осветлување.

• ЕВН и натаму на поголемиот дел од општините не им доставува детални податоци за наплатата на комунална такса за јавно осветлување и затоа, општините немаат прецизен увид во приходите.

• Во голем дел од општините во тек е замената на дрвените прозорци на училиштата и градинките со ПВЦ, како и поставување енергетски ефикасни фасади.

• Повеќето општини, во административните згради и во јавните претпријатија, не дозволуваат вклучување клима уреди, електрични греалки и решоа, а компјутерите се исклучуваат по работното време.

• Во општините се уште има малку или воошто нема фотоволтаични станици, но речиси сите имаат во план нивно поставување.

• Најчесто, фотоволтаичните станици се поставуваат на крововите од општинските згради, училиштата и градинките. • Повеќето општини немаат стратегии за енергетска ефикаснот.

• Повеќето општини не спроведуваат кампањи или други активности за информирање на граѓаните за потребата и начините на штедење електрична енергија.

Интегрален текст на извештајот МОНИТОРИНГ