Активо од Велес во соработка со НВО Инфоцентарот и Општина Чашка, и во 2022 година, организира серија средби со жителите на дел од населените места во Чашка, за да ги идентификува потребите и приоритетите на граѓаните, со посебен фокус на младите.

На 16 ноември, организиравме три настани односно средби со жителите на Извор, Чашка и Богомила. Месното население како и вработените во институцијата ООУ “Петре Поп Арсов” и ООУ „Тодор Јанев“ имаа можност на лице место пред претставници од локалната самоуправа, Одделението за локален економски развој да ги презентираат своите потреби и приоритети.

Учесниците на средбите побараа подобрување на образовниот процес преку модернизација на наставните и нагледните средства, како и подобрување на условите за спорт и рекреација на младите преку функционални детски игралишта и друго.

Претставниците на локалната власт ветија дека приоритетите на населението ќе бидат или вклучени во годишната програма и буџетот на Оштината, или за нив ќе се бара поддршка од домашни и странски инвеститори и донатори.
Овие консултативни средби со граѓаните се организираат во рамки на проектот „Актвини граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.