Центарот на активни граѓани АКТИВО од Велес го реализираше завршниот настан од проектот „Подобрена информираност како превенција за корупција“, кој во изминатиот период се реализираше преку серија на активности во Општините Велес, Градско, Лозово и Чашка.

На настанот се презентираа резултатите од истражувањето, пред преставници од општините, граѓански организации и медиуми. Истотото се спроведе во четирите Општини, со цел да се увиди квалитетот, бројот, видот и достапоноста на услугите кои ги нудат локалните самоуправи и задоволството на граѓаните од користењето на истите.

“ГО и Медиуми против корупција-Коалиција за нулта толеранција” поддржан од ЕУ а го спроведуваат ТМ и НВО Инфоцентар.
Оваа публикација е изготвена со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на публикацијата единствено е одговорно Здружението Центар на активни граѓани АКТИВО и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.