Средби за идентификување на потребите на населението во општина Чашка

Активо од Велес во соработка со НВО Инфоцентарот и Општина Чашка, и во 2022 година, организира серија средби со жителите на дел од населените места во Чашка, за да ги идентификува потребите и приоритетите на граѓаните, со посебен фокус на младите.

Иницијатива за формирање младински совет во Општина Чашка

НВО Инфоцентар во партнерство со АКТИВО од Велес, преку проектот „Здружени за активно граѓанство“ кој е поддржан од Европската Унија, и во соработка со Оштина Чашка ги одржа  информативни средби за јакнење на капацитетите на млaдите во Општина Чашка со цел формирање младински совет во општината.  

Јавна трибина – Решавање проблеми, промени, вклучување и граѓански активизам во Велес 

Одржана Јавна трибина – Решавање проблеми, промени, вклучување и граѓански активизам во Велес 📌 Голем интерес за присуство, размена на искуства во решавањето на проблемите во локалните заедници во Велес и Штип

Противпожарна заштита со застарени возила и недоволен број пожарникари

Територијалните противпожарни единици во Куманово, Свети Николе, Велес, Струмица, Крива Паланка, Теарце, Дебар и Маврово – Ростуше имаат стар возен парк, во некои од нив и над 40 години. Скоро во секоја општина има по едно или две неисправни возила.

5 години активни со и за граѓаните

Започнавме тивко и ненаметливо, соочени со многу предизвици, но и со многу желба за докажување. Работевме од дома и во канцеларии кои повремено ни ги одстапуваше Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ во Велес. Подоцна добивме и просторија од страна на Советот на Општина Велес. Нашето претходно искуство беше пресудно, да не препознаат донаторите како вистински партнер […]

Обезбедени спортски реквизити за учениците од Богомила и Согле

Граѓанска акција на Активо и НВО Инфоцентар: Обезбедени спортски реквизити за учениците од Богомила и Согле Активо, во соработка НВО Инфоцентар и општина Чашка, обезбеди спортски реквизити за потребите на образовниот процес во основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Богомила. Набавката на дефицитарни спортски реквизити беше еден од приоритетите посочени од жителите на селата Богомила […]

Општините, Локалните избори 2021 и родовата рамноправност

Недоволна застапеност на жените во локалната власт НВО Инфоцентар, во соработка со граѓанските организации АКТИВО, РЦС Спектар, СПО КУЛ и Граѓанска иницијатива на жени (ГИЖ), во периодот септември – декември 2021, ги набљудуваше Локалните избори 2021 и конституирањето на новите локални власти во општините Велес, Крива Паланка, Свети Николе и Неготино. Главниот аспект на набљудувањето […]

Општините и легализацијата на дивоградбите

Многу нерешени предмети, главно заради некомплетна документација На 29 јули 2021, Собранието на Република Северна Македонија го продолжи рокот на постојниот Закон заутврдување правен статус на бесправно изградените објекти за уште пет години, откако новиот предлог-закон за легализација на дивоградбите беше повлечен под притисок на стручната јавност и непотпишувањето на указот од страна на претседателот […]

Општините и имунизацијата против КОВИД – 19

Потребна е поголема и повидлива кампања за вакцинацијата против коронавирусот НВО Инфоцентар, во соработка со граѓанските организации АКТИВО, РЦС Спектар, СПО КУЛ и Граѓанска иницијатива на жени (ГИЖ), спроведе мониторинг на процесот на имунизација, вклучувајки ја и теренската вакцинација во периодот јули- август 2021 година, во општините Велес, Крива Паланка, Свети Николе и Неготино. Во […]

Работна средба со граѓанските организации во Општина Чашка

НВО Инфоцентар и АКТИВО во соработка со Општина Чашка ја организираа работната средба за граѓанските организации кои делуваат на територија на Општина Чашка, согласно проектот „ Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржани од меѓународниот центaр “Улоф Палме” од Шведска.