Инфо корнери за промоција на проектот
Во четирите локални самоуправи Велес, Градско, Лозово и Чашка организиравме Инфо корнери на кои го промовиравме проектот „Подобрена информираност како превенција за корупција“. Покрај промоцијата на овие средби со граѓаните им ги поделивме претходно подготвените и испечатени каталози на услуги од кои тие може се информираат за услугите кои што ги нудат локалните самоуправи.