Целта на проектот е  да ја зголеми информираноста на граѓаните за управување со јавни пари. За да се исполни оваа цел во рамки на проектот беа остварени следните четири резултати.

  • Креирана база со податоци за извршувањето на буџетот за 9-те општини од Вардарски плански регион;
  • Изработена веб страница на проектот каде ќе бидат достапни сите информации за следење на извршувањето на буџетите;
  • Изготвени анализи во кои се претставени клучните наоди од спроведените истражувачки монторинг активности;
  • Подобрена  информираноста кај граѓаните од  9-те општини за состојбата со извршување на буџетот во локалните самоуправи.

Проектот „Едуцирани и информирани граѓани предуслов за транспарентни институции“ , се реализираше во периодот од 01.07.2018 година до 01.04.2019 година. Проектот беше регрант на проект на Фондација Отворено општество и Евротинк Македонија, а финансиски поддржан од Европска унија во висина од 7900 евра.

                                           

                                 

                                   

                                 

АНАЛИЗА: “Планираните буџети на општините од Вардарскиот плански регион тешко се реализираат во реалноста” – Македонска верзија 

АНАЛИЗА: “Планираните буџети на општините од Вардарскиот плански регион тешко се реализираат во реалноста” – Англиска верзија

Отворена база на податоци за планираните и реализираните буџети на општините од Вардарски плански регион 

Реализирани буџети по глава на жител на општините од Вардарскиот плански регион