Повеќе од педесетина жени од Лисиче, општина Чашка на јавен настан ги лоцираа проблемите кои ги имаат во местото во кое што живеат. Поправка на улиците, постојана вода за пиење, лулашки и паркови за деца, место за дружење  за пензионерите, поправка на селскиот дом и игралиште беа клучните потреби на жените од ова место. Идентификуваните потреби од жените ќе бидат доставени до локалната самоуправа за да ги има во вид при креирање на годишните програми за работа за следната година.

Проектот „Вклучување на жени во креирање на локални политики“ го реализира Центарот на активни граѓани АКТИВО и е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.