Продолжува реализацијата на активностите на проектот “Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво” реализиран од НВО Инфо Центар во соработка со Активо од Велес поддржани од меѓународниот центар “Улоф Палме” од Шведска во соработка со Општина Чашка. Продолжува посетата на населените места со цел собирање на потребите и приоритетите со посебен осврт на малцинските заедници.

Проблемите што ги засегаат жителите населените места: Теово, Мартолци и Извор се од реконструкција на спортски игралишта, пристапни патишта, па се до водовод и канализација.
Сите лица имаа директна можност на лице место да ги искажат своите потреби пред претставници од локалната самоуправа, Одделение за локален економски и истите да бидат евидентирани со цел подобрување на животот во населените места.

Преку овие средби населението ги презентираат проблемите со кои се соочуваат, со посебен осврт ќе бидат земени потребите на малцинските зедници и нивна приоритизација во работата на Општина Чашка за 2022 година. Дел од барањата ќе бидат внесени во годишните програми на локалната самоуправа, а дел ќе се бараат средства од донатори, домашни странски.
Се планира посета на поголемите населени места, со цел прибирање на лице место на проблемите и потребите со кои се сооочуваат жителите на Оштина Чашка. Oвие средби даваат реална слика на потребите на жителите со посебен осверт на потребите на малцинските заедници.