НВО Инфоцентар и АКТИВО во соработка со Општина Чашка ја организираа работната средба за граѓанските организации кои делуваат на територија на Општина Чашка, согласно проектот „ Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржани од меѓународниот центaр “Улоф Палме” од Шведска.

Граѓанските организации се информираа за насоките како ќе се доделуваат финансиски средства од буџетот на Општина Чашка согласно „Програмата за активностите на Општина Чашка во областа на спортот и здруженија на граѓани за 2022 година.“

На работната средба активно учество земаа присутните лица од граѓанските организации како и претставници од локалната самоуправа од Одделението за локален економски развој и јавни дејности.  Од Општина Чашка потенцираа дека е партнер на граѓанските организации и се залага да се поддржат истите преку афирмација и поддршка на нивните активности согласно програмите за работа.

Нивната цел е преку соработката со граѓанските ораганизации да го подобрат квалитетот на живот на жителите на Општина Чашка.