Со претставници на клучните јавни институции дискутиравме за состојбата, предизвиците и можностите за користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во земјава.
Со претставници на клучните јавни институции дискутиравме за состојбата, предизвиците и можностите за користењето на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во земјава. Основа за дискусија беше документот за јавни политики со препораки за подобрување на користењето на информациите за вистинските сопственици во борбата против корупцијата во земјава, изработен врз основа на претходните истражувања, светската практика и мислењата на вклучените институции. Со овој настан го заокружуваме проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“ поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Присутните истакнаа неколку тековни активности што се преземаат во насока на поголемо користење на податоците на разни институции во борбата против корупцијата како автоматско преземање на податоците за вистински сопственици за избраните и именуваните лица, подготовки за воведување верификација на податоците што се запишуваат во Регистарот на вистински сопственици, воведување „црвено знаменце“ за фирмите што добиле договор за јавна набавка, а не се согласуваат да го објават името на нивниот вистински сопственик, објавување на имињата на вистинските сопственици на правните лица кои поседуваат имот, во нивните имотни листови, објавување на имињата на вистинските сопственици на фирмите кои добиле концесија или воспоставиле јавно-приватно партнерство итн.

