Осумдесетина жени од повеќе населени места од општина Росоман беа мотивирани да ги искажат потребите кои ги имаат во локалната заедница со цел да ја направат подобро место за живеење. Споделените потреби од жените ќе бидат доставени до локалната самоуправа за да ги има во вид при креирање на годишните програми за работа за следната година. Јавниот настан има за цел да мотивира поголем број жени да се вклучат во креирање на локални политики.

 

Проектот „Вклучување на жени во креирање на локални политики“ го реализира Центарот на активни граѓани АКТИВО и е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.