Повеќе од педесетина жени од селото Горно Оризари беа мотивирани да ги искажат потребите кои ги имаат во локалната заедница со цел да ја направат подобро место за живеење. Споделените потреби од жените ќе бидат доставени до локалната самоуправа за да ги има во вид при креирање на годишните програми за работа за следната година.

Јавниот настан чија цел е да мотивира поголем број жени да се вклучат во креирање на локални политики се случува после одржаните фокус групи на кои беше идентификувана состојбата во која се наоѓаат жените во населеното место и работилници на кои беа идентификувани клучните потреби преку репрезентативен примерок на жени.

Проектот „Вклучување на жени во креирање на локални политики“ го реализира Центарот на активни граѓани АКТИВО и е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.