Тимот на Центарот на активни граѓани АКТИВО одржа четири поединечни средби за иницијативи со жените од Горно Оризари, Чашка, Росоман и Градско во рамки на проектот „Вклучување на жените од рурални средини во креирање на локални политики“. Целта на средбите беше жените да предложат по една иницијатива која финасиски би се поддржала од проектот а која има за цел да оствари некоја нивна потреба.

Средбите за иницијативи беа организирани по реализираните фокус групи за идентификување на потребите на жените во руралните средини и работилниците за одредување и приоретизирање на нивните потреби во локалната заедница. Преку иницијативите тимот на АКТИВО сака да ги мотивира жените од руралните средини дека нивната улога во заедницата е многу важна и дека преку нивно залагање тие можат да допринесат во развојот на заедницата и да ја направат подобро место за живеење.

Проектот „Вклучување на жени во креирање на локални политики“ го реализира Центарот на активни граѓани АКТИВО и е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.