Во рамки на проектот Вклучување на жените од руралните средини во креирање на локални политики”Здружението Центар на активни граѓани АКТИВО спроведе четири фокус групи во Горно Оризари, општина Велес, општина Градско, општина Чашка и општина Росоман за согледување на состојбата во која се наоѓаат жените во руралните средини. На фокус групите учествуваа вкупно 45 жени, а целта беше низ отворена и флексибилна дискусија,  да се утврди нивната состојба во различни сфери општественото живеење.

            

Целокупниот процес резултираше со успешна, продуктивна дискусија, исцрпувајќи ги сите тематски поставени прашања, од каде се извлекоа бројни наоди и  препораки за идно интервенирање, со цел подобрување на негативните детектирани состојби.

Проектот „Вклучување на жени во креирање на локални политики“ го реализира Центарот на активни граѓани АКТИВО и е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.