Четири работилници за идентификување на потребите на жените во руралните средини беа одржани во Горно Оризари, општина Велес, општина Градско, општина Чашка и општина Росоман. На работилниците беа идентификувани голем број потреби на жените и истите беа приоритизирани. Дел од предлозите од жените ќе бидат застапувани пред локалните самоуправи со цел истите да станат составен дел на општинските програми и буџети на општините за следната 2020 година.

    

Работилниците имаа и едукативен карактер. На жените им беше презентиран начинот односно патот кој мора да го изодат со цел нивните идентификувани потреби во заедницата да станат реалност.

Проектот „Вклучување на жени во креирање на локални политики“ го реализира Центарот на активни граѓани АКТИВО и е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.