И жителките на Башино село ги споделија со нас потребите кои ги имаат во населеното место и побараа нивно решавање. Повеќе од педесетина потреби беа идентификувани од жените кои беа мотивирани да се вклучат во креирање на локалните политики.  Идентификуваните потреби од жените ќе бидат доставени до локалната самоуправа за да ги има во вид при креирање на годишните програми за работа за следната година.

Проектот „Вклучување на жени во креирање на локални политики“ го реализира Центарот на активни граѓани АКТИВО и е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.