Повеќе од педесетина жени од Иванковци на јавен настан ги лоцираа проблемите кои ги имаат во местото во кое што живеат. За прв пат идентификуваните потреби се сведуваат на неколку клучни работи кои беа повеќе пати повторувани од жените. Доктор со амбуланта, аптека, градинка, нормални услови за работа во училиштето, односно проширување на неговиот капацитет, доволно количество на вода за пиење секојдневно и асфалтирање на улиците е она што најмногу им треба на жените во Иванковци.  Идентификуваните потреби од жените ќе бидат доставени до локалната самоуправа за да ги има во вид при креирање на годишните програми за работа за следната година.

Проектот „Вклучување на жени во креирање на локални политики“ го реализира Центарот на активни граѓани АКТИВО и е суб-грантиран во рамките на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување на родовата еднаквост, функционалните механизми и динамичното граѓанско општество“ имплементиран од страна на Фондацијата Kvinna till Kvinna и Организација на жените на општина Свети Николе, а финансиран од страна на Делегација на Европската унија.