Партнерски проект на Активо со Фондација НВО Инфоцентар од 2020 до 2024 година
НВО Инфоцентарот во рамки на својата програма за активно граѓанство, од почетокот на 2019 година, со поддршка на Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска, посветено работи на зајакнување на капацитетите на локалните граѓански организации за мобилизација на граѓаните, застапување и одржлив развој. Преку проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ се реализираат серија активности за соработка и јакнење на јавниот притисок врз локалните власти за да го поттикнат и практикуваат вклучувањето на граѓаните во процесите на креирање и реализација на локалните политики, и на таков начин да ја промовираат и унапредуваат партиципативната демократија.
НВО Инфоцентарот континуирано ги зајакнува капацитетите на петнаесетина локални граѓански организации од петнаесет општини (Крива Паланка, Велес,Чашка, Теарце, Маврово и Ростуше, Струмица, Свети Николе, Куманово, Дебар, Неготино, Кавадарци, Струга, Битола, Штип, Скопје). Организирани се десетина обуки за градење на капацитетите на граѓанските организации, над 50 јавни настани и акции со учество на граѓани и локални власти.
Едновремено, НВО Инфоцентарот и локалните граѓански организации ја мониторираат отчетноста на општините и нивните механизми за вклучување на граѓаните. Во изминатите години реализирани се дваесетина мониторинг активности.
