Здружени за активно граѓанство

Програмата „Здружени за активно граѓанство“ на НВО Инфоцентарот, поддржана од Европската Унија, континуирано соработува и ги охрабрува локалните граѓански организации да ги мобилизираат граѓаните и да се залагаат за партиципативна демократија на локално ниво. Преку зајакнување на нивните организациски капацитети за мобилизација, застапување и одржлив развој, ги поддржуваме со цел да се промовира и практикува партиципативна […]

Мониторинг: Општините и зимското одржување на улиците и патиштата

НВО Инфоцентарот, со партнерските организации Активо од Велес, Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијата на жени од Свети Николе и Организација на жени од Струмица, во периодот ноември– декември 2023 година, спроведе мониторинг на мерките и активностите што ги преземаат општините за зимско одржување на улиците и патиштата. Мониторингот опфати осум општини: Куманово, Велес, Струмица, […]

Мониторинг: Општините и бездомните кучиња

НВО Инфоцентарот, со партнерските организации Активо од Велес, Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијата на жени од Свети Николе, Организација на жени од Струмица и Центарот на заедницата на Општина Сруга, во периодот октомври – ноември 2023 година, спроведе мониторинг на мерките и активностите што ги преземаат општините за решавање на проблемот со бездомните кучиња и […]

Објавени истражувањата за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година

Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо ги објавија Истражувањата за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните, и на национално и на општинско ниво.

Мониторинг-Општините и субвенциите за граѓаните

НВО Инфоцентарот, со партнерските организации Активо од Велес, Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијата на жени од Свети Николе и Организација на жени од Струмица спроведе мониторинг на субвенциите што општините им ги доделуваат на граѓаните, во периодот 2020 – 2023 (до мај) година. Мониторингот опфати шест општини: Куманово, Велес, Струмица, Крива Паланка, Свети Николе […]

Дебата: Eфекти на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните

ИНВЕСТИЦИИ ОД 170 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КОИ ЗАВИСИ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ СКРАТЕНИ ВО 2022 ГОДИНА ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ РАСХОДИ ВО БУЏЕТОТ НАМЕТНАТИ ОД ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА (Скопје, 6 октомври 2023 година) На денешната јавна дебата за „ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“ беше објавено „Истражувањето на последиците од […]

Младински форум во Општина Чашка

Информативна средба за мотивација и младинско ангажирање во Општина Чашка АКТИВО од Велес, во партнерство со НВО Инфоцентар преку проектот „Здружени за активно граѓанство“ кој е поддржан од Европската Унија, и во соработка со Оштина Чашка организираше Младински форум во Чашка со идеја да ги информира и мотивира младите за можностите за младинско учество во […]

Младинското учество не им е приоритет на локалните власти

МОНИТОРИНГ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНИТЕ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ Собранието на Република Северна Македонија во јануари 2020 година го донесе Законот за младинско учество и младински политики . Целта на зконот е поголема вклученост на младите во донесувањето одлуки преку национално собрание на млади, преку локални младински совети и собранија, но и генерално, да се овозможат повеќе сервиси […]

МИНИ ПРИРАЧНИК ЗА МАКСИМУМ ЕФЕКТ

Социјалните медиуми и граѓанскиот активизам: Уникатна можност за ширење на вашата порака до светот! Последните години се наречени „ера на социјалните медиуми“, т.е. „ера на дигитализацијата“. Не постои некој кој не зборува за тоа, а компаниите ги базираат своите деловни модели на социјалните мрежи. Дали овие алатки може да се користат и во граѓанскиот / […]

Мониторинг: Општините и енергетската ефикасност

На 16 август 2022 година, Владата на РСМ на предлог на Министерството за економија усвои пакет препораки, мерки и задолженија за заштеда на електрична енергија до 15% во текот на претстојната зима. Овој пакет мерки е наменет за домаќинствата, бизнис заедницата, јавните институции, како и за општините и Град Скопје.