Дел од потребите кои се утврдени како приоритети на жителите населените места во Населба Чашка, Бањица, Мелница, Горно и Долно Јаболчиште и Мелница се од областа на социјална и здравствената заштита, подобрување на патната инфраструктура, како и воспоставување на канализациона мрежа.

Сите лица имаа директна можност на лице место да ги искажат своите потреби пред претставници од локалната самоуправа, Одделение за локален економски и истите да бидат евидентирани со цел подобрување на животот во населените места.

Преку овие средби населението ги презентираат проблемите со кои се соочуваат, со посебен осврт ќе бидат земени потребите на малцинските зедници и нивна приоритизација во работата на Општина Чашка за 2022 година. Дел од барањата ќе бидат внесени во годишните програми на локалната самоуправа, а дел ќе се бараат средства од донатори, домашни странски.

Активностите на проектот “Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво” реализиран од НВО Инфо Центар во соработка со Активо од Велес поддржани од меѓународниот центар “Улоф Палме” од Шведска во соработка со Општина Чашка.