Во четирите локални самоуправи Велес, Градско, Лозово и Чашка организиравме Инфо корнери на кои го промовиравме проектот „Подобрена информираност како превенција за корупција“. Покрај промоцијата на овие средби со граѓаните им ги поделивме претходно подготвените и испечатени каталози на услуги од кои тие може се информираат за услугите кои што ги нудат локалните самоуправи.

Идејата на овие Инфо корнери е граѓаните да бидат информирани за услугите кои што им ги нидат локалните самоуправи, но исто така и да им се дадат сите листи на услуги кои ги нудат нивните општини со цел подготвени да одат во општините и поедноставно да можат истите да ги добијат.

“ГО и Медиуми против корупција-Коалиција за нулта толеранција” поддржан од ЕУ а го спроведуваат ТМ и НВО Инфоцентар.
Оваа публикација е изготвена со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на публикацијата единствено е одговорно Здружението Центар на активни граѓани АКТИВО и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.