Граѓанска акција на Активо и НВО Инфоцентар: Обезбедени спортски реквизити за учениците од Богомила и Согле

Активо, во соработка НВО Инфоцентар и општина Чашка, обезбеди спортски реквизити за потребите на образовниот процес во основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Богомила.

Набавката на дефицитарни спортски реквизити беше еден од приоритетите посочени од жителите на селата Богомила и Согле, кои учествуваа на јавните консултативни средби организирани од Активо, НВО Инфоцентар и Општина Чашка, во ноември годинава.

Во рамки на оваа граѓанска акција, обезбедени се топки за фудбал, кошарка, одбојка и ракомет, неколку комплет палки за пинг понг со топчиња, хулахопи, јажиња за скокање, чунчиња, како и комплети за друштвената игра домино.

Девојчињата и момчињата од Богомила и Согле, сега ќе имаат поквалитетна настава по физичко и здравствено образование, но и можност да се занимаваат со различни спортски активности во своето слободно време.

Оваа граѓанска акција е реализирана во рамки на проектот „Активни граѓани и пратиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од меѓунаордниот центар Улоф Палме од Шведска.